Bilgin S. Şaşmaz
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
ЧИКАГО (АА) - Генералниот секретар на Советот на муслиманските организации во САД (УСЦМО), Усаме Џемал, упати апел до администрацијата на САД да изврши притисок за спречување на масакрите над муслиманите во Аракан, Мјанмар, и истакна дека никој и никаде не може да се чувствува безбеден ако една држава како Мјанмар може да се извлече од едно вакво злосторство и бруталност, јавува Anadolu Agency (AA).
Џемал, во изјава за АА, реагираше на тоа што меѓународната заедница „останува нем набљудувач“ на масакрите над муслиманите во Аракан извршени од страна на војската на Мјанмар.
Џемал рече дека слободниот цивилизиран свет е сведок на колективниот прогон на невините цивили во Мијанмар, но не презема мерки за да го спречи тоа.
„Од Владата на САД бараме да ја искористи својата моќ за да изврши притисок врз Мјанмар, со цел да се спречат етничките систематски злосторства. Ако една држава како Мјанмар може да се извлече од едно вакво злосторство и бруталност, како би можел кој било, каде било во светот да се чувствува безбеден?“ запраша тој.
Исто така, Џемал се осврна и на актуелните теми во САД, и истакна дека американските муслимани се подготвуваат за празникот Курбан Бајрам со загриженост и страв, особено поради инцидентите во градот Шарлотсвил во Вирџинија.
„Тоа што се случи во Шарлотсвил е еден извонреден пример за укажување на потенцијалот на групите што го поддржуваат насилството чија цел се муслиманите“, додаде тој.
Инаку, Хедер Хејер го загуби својот живот откако еден напаѓач со возило влета во групата што протестираше против расизмот во сојузната држава Вирџинија, место коешто претходно беше сцена на расистички протести.
Поради неговата позиција и влијанието што претседателот Доналд Трамп го има над луѓето, Џемал истакна дека тој предизвикува поголема загриженост отколку групите поддржувачи на расизмот. „Што и да се случи, ние ќе ги спроведуваме нашите верувања и традиции“, истакна Џемал.