Adham Kako,Levent Tok
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
МАРЕ (АА) - Петмина цивили се ранети во ракетен напад на терористичката организација ПКК/ПЈД извршен врз населба во местото Маре, на север од сириски Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Тарек Наџар, лекар од локалната болница, изјави дека ПЈД извршила ракетен напад на местото Маре.
„Во нашата болница се донесени три жени и две деца ранети во нападот“, изјави Наџар.
Терористичката организација ПКК/ПЈД често врши напади на Маре и на Азаз, кои се под контрола на опозицијата.