Ercan Canbolat
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денес во Анкара изјави дека неправдата, злоставувањето, насилството и убивањето на муслиманите во Мјанмар не смее да продолжи, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес, во Анкара, Чавушоглу се состана со министерот за надворешни работи на Малдивите, Мухамед Асим, а потоа одговараше на прашања од новинарите. Во таа прилика се осврна и на насилството над муслиманите на Мјанмар.
„Најостро ги осудуваме нападите и насилството врз Рохинџа муслиманите во Мјанмар. Користејќи го нападот од 25. август, насилството врз Рохинџа муслиманите, врз цивилите во Мјанмар е неприфатливо“, истака Чавушоглу.
Тој додаде дека безбедносните сили во оваа земја пукаат во цивилите и ги убиваат, и по тој повод упати сочувство за настраданите цивили.
„Ние (Турција) од почетокот го следиме овој процес. Не сме некој што само набљудува. Во контакт сме со целиот свет. Претседателот Реџеп Таип Ердоган и премиерот Бинали Јилидрим лично го следат овој процес“, изјави Чавушоглу.
Тој нагласи дека неговата земја е во контакт со земјите-членки на Советот за безбедност на ОН, Организацијата за исламска соработка (ОИС) но и со земјите како Индонезија, Малезија, Тајланд и другите земји кои им даваат поддршка на Рохинџа муслиманите.
Но, Чавушоглу нагласува дека за овој процес треба да се пронајде едно темелно решение, бидејќи, како рече, се работи за систематски проблем, бидејќи муслиманите од Мјанмар систематски се изложени на притисоци и насилство.
Тој додаде дека исламскиот свет не смее да ги игнорира проблемите на муслиманите од Мјанмар, и оти земјите-членки на ОИЦ треба да работат заедно за да се пронајде решение.
„Неправдата, злоставувањето, насилството и убивањето на муслиманите во Мјанмар не смее да продолжи. Потребно е да се пронајде сеопфатно решение. Ова мачење, ова нечовечко однесување, не може да продолжи. Целиот свет мора да посвети внимание на ова прашање“, изјави Чавушоглу.