свет

Чавушоглу: „Треба да се дознае кој го наредил убиството на Кашоги“

„Турција е истрајна во целосното расветлување на убиството на Кашоги, а тоа им го кажавме и на САД“, рече Чавушоглу пред новинарите во Вашингтон, кратко по средбата со својот американски колега

Fatih Hafız Mehmet  | 21.11.2018 - Обновена : 21.11.2018
Чавушоглу: „Треба да се дознае кој го наредил убиството на Кашоги“

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, по состанокот со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во Стејт департментот, истакна дека Турција е одлучна во расветлувањето на сите аспекти од случајот за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турција е истрајна во целосното расветлување на убиството на Кашоги, а тоа им го кажавме и на Соединетите Американски Држави“, изјави Чавушоглу пред новинарите во Вашингтон, кратко по средбата со американскиот колега.

„Турција не гледа на убиството на Кашоги како на политичко прашање, туку како на убиство коешто треба да биде расветлено до самиот крај“, рече турскиот шеф на дипломатијата, потсетувајќи дека многу земји во светот не сакаат да ги загрозат односите со Ријад.

„Многу земји не сакаат да ги нарушат своите односи со Саудиска Арабија поради убиството на Кашоги. Не сакаме ниту ние, но едно убиство мора да биде расветлено“, рече Чавушоглу, додавајќи дека е важно да бидат понудени одговори на сите прашања кои не се јасни.

„Потребно е да се дознае кој го наредил убиството на Кашоги. Има премногу прашања за кои нема одговор во врска со овој случај“, истакна Чавушоглу.

Тој се осврна и на соработката на САД и Турција во Сирија, потсетувајќи на заедничката мапа на патот за Мунбич.

„Турско-американските тимови ќе се сретнат веќе наредните денови, со цел мапата на патот да биде спроведена и во другите подрачја“, рече Чавушоглу.

На крајот истакна и дека Турција бара од САД да го испорача членот на терористичката организација ФЕТО, која во Турција се обиде да изведе воен удар.

„Турција на САД им даде листа со 84 членови на ФЕТО кои бараме да бидат испорачани“, нагласи турскиот министер за надворешни работи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın