свет

Јужнокореец избран за претседател на Интерпол, наспроти напорите на Русија

Белата куќа и нејзините европски партнери лобираа против обидите за избор на рускиот кандидат Александер Прокопчук за следен претседател на полициската организација

Ekipa  | 21.11.2018 - Обновена : 21.11.2018
Јужнокореец избран за претседател на Интерпол, наспроти напорите на Русија

Dubai

ДУБАИ (АА) - Јужнокореецот Ким Џонг Јанг е избран за следен претседател на Интерпол, заобиколувајќи го ветеранот на руските безбедносни служби за чиј избор имаше големо негодување од САД, Велика Британија и другите европски земји, пренесува Anadolu Agency (AA).

Белата куќа и нејзините европски партнери лобираа против обидите за избор на Александер Прокопчук за следен претседател на полициската организација, нагласувајќи дека неговиот избор ќе води кон понатамошно нарушување на црвениот систем за известување на Интерпол од страна на Русија, со цел гонење на политичките опоненти.

Прокопчук е генерал во руското Министерство за внатрешни работи, и е на функцијата потпретседател на Интерпол.

Победата на Ким значи дека тој обезбедил најмалку двотретинско мнозинство гласови на генералното собрание на Интерпол, коешто се одржа во Дубаи. Неговиот мандат како претседател на Интерпол ќе трае до 2020 година, завршувајќи го четиригодишниот мандат на неговиот претходник, Менг Хонгвеи, кој беше приведен во Кина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın