Emre Gürkan Abay
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
МОСКВА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во рускиот главен град, Москва, оствари средба со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, како и со иранскиот, Џавад Зариф, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу е во посета на Москва, со цел да учествува на трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Русија и Иран, состанок на кој ќе се разговара околу чекорите што треба да се направат во насока на сириската криза.
Во овие рамки, Чавушоглу оствари билатерална средба со Зариф, на која разговараа за економската и туристичката соработка меѓу Турција и Иран, како и за регионалните прашања, пред сè околу Сирија.
По оваа средба, шефот на турската допломатија се сретна и со неговиот руски колега, Лавров. Двајцата министри нагласија дека секој ден се подобруваат билатералните односи меѓу Турција и Русија, и дека се водат успешни заеднички работи околу регионалните прашања.
По билатералните средни, турскиот министер Чавушоглу премина на трилатералниот состанок на министрите, а по состанокот ќе се дадат изјави за медиумите.