Hakan Çopur
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ЊУЈОРК (AA) - Граѓаните на Њујорк излегоа на улиците во знак на незадоволство поради израелското насилство над Палестинците во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Американските муслимани, ортодоксните евреи и другите граѓани се собраа на Вашингтон Сквер Парк, еден од поважните делови на Њујорк. Извикуваа слогани против израелските власти, но и против американските, кои им пружаат поддршка.
Граѓаните повикаа веднаш да прекине блокадата на Газа и оддадоа почест на Палестинците кои го изгубија животот во текот на демонстрациите, кои во последните недели се одржуваат на тоа подрачје. Во рацете носеа палестинско знаме.
Бројот на мртвите во текот на демонстрациите кои на Западниот Брег се одржуваат секој петок веќе пет седмици, зголемен е на 46.
Илјадници Палестинци на границата на Газа петти петок по ред мирно протестираат и го одбележуваат Денот на земјата за да се присетат на 30 март 1976 година, кога Израел од нив одзеде илјадници хектари земјиште.
Во текот на протестите досега загинале 46 Палестинци, а ранети се повеќе од 6.000. Планирано е протестите да бидат продолжени до средината на мај.
Денот на земјата се одбележува во Палестина од 1976 година и тоа, на некој начин е симбол на отпорот на Палестинците за да ја добијат назад својата земја, а воедно и да укажат на одговорноста на Меѓународната заедница за заштита на правата на палестинскиот народ, основање независна држава Палестина и враќање на палестинските бегалци во земјата.