Fatih Hafız Mehmet,Safvan Allahverdi
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Началникот на Генералштабот на американската војска, генералот Џозеф Данфорд, вчера телефонски разговараше со неговиот турски колега Хулуси Акар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Двајцата лидери разговараа за моменталната безбедносна ситуација на околината во Сирија и Блискиот Исток, покрај другите заеднички точки од интерес“, рече портпаролот на Генералштабот на американската војска, Патрик С. Рајд, во изјавата за медиумите.
„Тие, исто така дискутираа и за начините за зајакнување на соработка со цел решавање на безбедносните проблеми со кои се соочуваат нашите нации“, изјави тој.
Рајдер, исто така нагласи дека Данфорд и Акад се состанале неколкупати во насока на одржувањето редовни комуникации меѓу сојузниците на НАТО.
Од турскиот Генералштаб се соопштува дека Акар и Данфорд дискутирале за регионални безбедносни прашања и ги размениле своите мислења во врска со заедничката соработка.