Tuğçenur Yılmaz
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција го поздрави тоа што лидерите на Јужна и Северна Кореја покажаа волја за воспоставување постојан мир, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на турското Министерство за надворешни работи се поздравува тоа што лидерите на Северна и Јужна Кореја, политичката волја во насока на намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров и воспоставување постојан мир, ја покажаа преку заедничката Декларација во Панмуњом.
Во соопштението се истакнува дека конструктивното унапредување на дипломатскиот процес, чија цел е формирање безбедна средина и денуклеаризација на Корејскиот Полуостров е една значајна можност како за регионалниот, така и за светскиот мир.
„Упатуваме честитки до претседателот на (Јужна) Кореја, Mун Је Ин, поради неговата исклучителна улога во водењето на овој процес, од денот на доаѓање на оваа функција до денес. Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите во таа насока на Корејскиот Полуостров со кој има специјални историски врски, за да владее стабилноста, мирот и помирувањето, и ќе продолжи да ги охрабрува страните во наредниот процес“, се вели во ова соопштение.
- Самитот меѓу Јужна и Северна Кореја
Претседателот на Јужна Кореја, Mун Jе Ин, и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, на 27 април се состанаа во подрачјето Панмуњом, кое се наоѓа на границата меѓу двете земји.
Лидерите на двете земји се согласија за денуклеаризација на полуостровот, и претворање на постоечкото примирје во мировен договор.