Can Erözden
08 Септември 2018•Ажурирај: 09 Септември 2018
АНTАЛИЈА (АА) - Турција има за цел да ги спречи воздушните напади во сириски Идлиб, истакна денес турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи пред новинарите во турската област Анталија, Чавушоглу предупреди на можноста од сериозна хуманитарна катастрофа во Идлиб, потсетувајќи на фактот дека подрачјето е зона без судири каде што живеат 3,5 милиони луѓе.
Чавушоглу истакна дека очекува судирите во Идлиб да завршат, а за решавање на прашањето да стапи полицискиот процес, додавајќи дека за тоа Турција прави напори со Русија и Иран.
Според „Белите шлемови“, петмина цивили се убиени, а седуммина се ранети во воздушните напади извршени денес од страна на силите на сирискиот режим и руските воени авиони во северозападната сириска покраина Идлиб.
Од почетокот на овој месец во нападите на режимските сили и руските авиони во Идлиб и Хама загинале најмалку 26 цивили.
Сирискиот режим неодамна објави план за започнување голема воена офанзива во областа која долго време е под контрола на разни вооружени опозициски групи.
Претходно неделава ОН предупредија дека таква офанзива ќе предизвика најголема хуманитарна катастрофа во 21 век.
На трилатералниот самит на лидерите на Турција, Русија и Иран вчера беше потенцирано дека не може да има воено решение за конфликтот во Сирија и се упати повик за забрзување на политичкиот процес за постигнување договорно решение.