Adel Ömeragiç
08 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе допатува утре во Подгорица, во рамките на посетата на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Од амбасадата на Турција во Подгорица, за АА е потврдено дека Чавушоглу утре ќе пристигне во главниот град на Црна Гора, додека средбите со највисоките државници ќе бидат одржани в среда, на 10 мај.
Чавушоглу требаше гостува на годишниот форум „2BS (To be Secure)“ во Будва минатата година, но тогашната посета мораше да ја откаже поради политичката криза во Турција.