Belgin Yakışan Mutlu
12 Август 2021•Ажурирај: 13 Август 2021
ИСТАНБУЛ
Централната банка на Јужна Кореја на својата официјална интернет-страница објави соопштение во кое се наведува дека со Централната банка на Република Турција е потпишан тригодишен Swap договор (Договор за размена - финансиски инструмент со кој се врши размена на тековни плаќања во определен временски период согласно со договорените услови), а двете страни можат да разговараат за продолжување на договорот, известува Агенција Анадолија (АА).
„Договорот за размена ќе овозможи формирање на платежен систем кој ќе ја финансира трговијата меѓу двете земји, со што ќе се унапреди финансиската соработка за економски развој на двете земји. Двете страни очекуваат овој договор да ја зајакне соработката меѓу институциите на двете земји“, се вели во соопштението.
Во меѓувреме, претставници на Централната банка на Република Турција го потврдија договорот и изјавија дека истиот ќе биде дополнително објавен.