Şeyma Uzundere
12 Август 2021•Ажурирај: 13 Август 2021
КАБУЛ
Центарот на покраината Газни, кој се наоѓа југозападно од авганистанскиот главен град Кабул, премина под контрола на Талибанците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Насир Ахмад Факири, претседателот на Покраинскиот совет на Газни, за Агенција Анадолија изјави дека покраинскиот центар на историскиот град Газни, кој се наоѓа на трасата што ги поврзува јужните провинции на земјата со Кабул, е целосно под контрола на Талибанците.
Ахмад Факири истакна дека безбедносните сили се повлекле од центарот на покраината.
Авганистанските владини сили во последните седум дена ја загубија контролата над 10 покраински центри во земјата, меѓу кои и областа Газни, препуштајќи им ги на Талибанците.
Вчера градот Фејзабад, центарот на покраината Бадакшан во североисточниот дел на земјата, премина под контрола на Талибанците.
Центарот на Баглан и западната покраина Фарах исто така се наоѓаат меѓу областите што Талибанците ги зазедоа во последните денови.