Zeynep Hilal Karyağdı
21 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
РИЈАД (АА) - Хусите во Јемен извршија ракетен напад врз аеродромот во Неџран во Саудиска Арабија, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Портпаролот на коалициските сили под водство на Саудиска Арабија, Турки ел Малики, во изјава за саудиската официјална новинска агенција СПА, истакна дека Хусите поддржани од Иран извршиле воздушен напад врз една значајна позиција во градот Неџран, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата.
Mалики рече дека нападот е извршен со беспилотно летало, но не даде информации околу можни жртви и други детали.
Од друга страна, во веста на телевизискиот канал „Ел Месире“ (El-Mesire), кој е поврзан со Хусите, се наведува дека е извршен напад на аеродромот во Неџран, каде што е погоден магацинот за оружје.
Во веста се истакнува дека по нападот избувнал пожар.