свет

Турција отвори нова зграда на Амбасадата во Гватемала

„Билатералните односи меѓу двете земји се зајакнуваат во секое поле, вклучувајќи ја трговијата и културата“

Erdoğan Çağatay Zontur  | 21.05.2019 - Обновена : 22.05.2019
Турција отвори нова зграда на Амбасадата во Гватемала

ГВАТЕМАЛА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, вчера свечено ја отвори новата зграда на турската Амбасада во Гватемала, јавува Anadolu Agency (AA).

Во обраќањето на церемонијата на отворањето, Чавушоглу изјави: „Гватемала е една од најважните стратешки партнери на Турција во Латинска Америка.“

„Билатералните односи меѓу двете земји се зајакнуваат во секое поле, вклучувајќи ја трговијата и културата“, додаде тој.

Чавушоглу потенцираше дека Турција во моментот има Генерален конзулат и 16 амбасади во Латинска Америка, вклучувајќи го и отворањето на турската Амбасада во Уругвај наскоро.

„„Туркиш ерлајнс“ ќе го додаде Мексико Сити во своите дестинации во Латинска Америка“, рече Чавушоглу.

„Турција, покрај својата мисија, во Латинска Америка и Карибите е активна и преку своите организации, како што се Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)“, додаде тој.

Турскиот шеф на дипломатијата престојува во Гватемала за да присуствува на третиот политички форум на Советот на министрите за надворешни работи на Турција и Централно-американскиот систем за интеграција (SICA).

Во своето обраќање на церемонијата на отворање, министерката за надворешни работи на Гватемала, Сандра Џовел, изјави: „Отворањето на новата зграда на Амбасадата значи зајакнување и продлабочување на веќе постоечките односи меѓу двете земји.“

„Агендата на Советот на министрите за надворешни работи на Турција и Централно-американскиот систем за интеграција ги вклучува прашањата за демократска безбедност, климатски промени, превенција од катастрофи, економска интеграција и зајакнување на организациската структура“, додаде таа на церемонијата на отворањето, во име на претседателот Џими Моралес.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.