свет, живот

Хонг Конг: Грант од 23 милиони долари за истражување на Алцхајмеровата болест

Локалната власт на кинескиот регион Хонг Конг додели грант од 23 милиони долари за научното истражување, чија цел е да се разбере влијанието на Алцхајмеровата болест врз етничките Кинези

Emre Aytekin  | 17.07.2018 - Обновена : 18.07.2018
Хонг Конг: Грант од 23 милиони долари за истражување на Алцхајмеровата болест

Ankara

АНКАРА (АА) - Локалната власт на кинескиот регион Хонг Конг додели грант од 23 милиони долари за научното истражување, чија цел е да се разбере влијанието на Алцхајмеровата болест врз етничките Кинези, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на весникот „Саут Чајна морнинг пост“ (South China Morning Post), во соопштението на Институцијата за грантови за истражување се наведува дека оваа година е доделен грант од 23 милиони долари за истражувањето на тема: „Влијанијата на Алцхајмеровата болест врз етничките Кинези“, предводено од страна на професорката од Универзитетот на науки и технологии во Хонг Конг, Ненси Ип.

Професорката Ип рече дека до 2039 година, во Хонк Конг се очекува Алцхајмеровата болест да се појави кај 330.000 граѓани.

„Во медицината е факт дека различни етнички групи различно реагираат на болести. Поголемиот дел од истражувањата околу Алцхајмеровата болест се фокусирани на болните од белата раса. Треба да ја развиеме нашата етничка база на податоци, со цел во иднина да добиеме конкретен резултат околу лекувањето“, нагласи таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.