Abdullah Aşıran
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
ХАГ (АА) - Непознати лица вчера ноќ извршиле напад врз џамијата Ехи Евран при Фондацијата Дијанет во Франција чија изградба сеуште е во тек во холандскиот град Хаг, јавува Anadolu Agency (AA).
На една табела на џамијата на која се наоѓал знамето на Турција се нацртани крстови, како и се напишани изрази против турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот на џамијата Ахи Евран, Шинаси Коч, во изјава за АА истакна дека нападот го приметил еден припадник на заедницата на џамијата кој живеел спроти џамијата, и рече дека го осудуваат овој напад.
„Постојат луѓе кои не го сакаат нашето единство. Нема да успеат. Аллах е со нас“, додаде Коч.
Тој информираше дека случајот го пријавиле во полиција, и посака напаѓачите да бидат фатени во најкратко време.