Selman Aksünger
20 Октомври 2023•Ажурирај: 21 Октомври 2023
АМСТЕРДАМ (АА) - Холандија денес издаде предупредување, барајќи од своите граѓани да го напуштат Либан „што е можно поскоро“ поради тензиите во регионот, пренесува Анадолу.
Министерството за надворешни работи преку платформата Х ги повика холандските државјани да избегнуваат патување во Либан, а оние што живеат таму да заминат „што е можно поскоро“, бидејќи комерцијалните летови сè уште сообраќаат.
Министерството, исто така, побара од холандските државјани кои избрале да останат во Либан да останат во контакт со Амбасадата во Бејрут и да бидат подготвени за итни ситуации.
Тензиите на израелско-либанската граница се во пораст откако Хамас ја започна операцијата „Поплава Ал-Акса“ на 7 октомври и воздушните напади на Израел врз Појасот Газа.
Либански Хезболах и израелската Армија исто така разменија оган, во којшто имаше загинати и повредени од двете страни.