свет

Израелската војска започна копнена операција во Појасот Газа

Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикаст за АА изјави дека израелската војска започнала копнена операција во Појасот Газа

Esat Fırat  | 14.05.2021 - Обновена : 15.05.2021
Израелската војска започна копнена операција во Појасот Газа

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска објави дека започнала копнена операција кон Појасот Газа и дека израелските трупи влегле во Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикаст за АА изјави дека израелската војска започнала копнена операција во Појасот Газа.

Истакна дека израелските трупи започнале да влегуваат во Појасот Газа и дека во оваа фаза не може да даде повеќе детали за операцијата.

Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа достигна 103, вклучувајќи 27 деца, а бројот на ранети изнесува 580.

Палестинските групи на отпорот ѝ дадоа рок на израелската полиција да се повлече од населбата Шеик Џарах и комплексот на „Ал-Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим) до 18 часот на 10 мај.

Израелската армија потоа соопшти дека започнала воена операција врз Појасот Газа наречена „Чувар на Sидовите“.

Тензиите се зголемија во населбата Шеик Џарах во Источен Кудс од минатата недела, откако израелскиот суд нареди деложација на палестинските семејства.

Палестинците кои протестираат во знак на солидарност со жителите на Шеик Џарах се цел на израелските сили.

Израел го окупираше Источен Кудс за време на арапско-израелската војна во 1967 година и го анектираше целиот град во 1980 година, потег кој меѓународната заедница не го призна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.