Behlül Çetinkaya
13 Мај 2021•Ажурирај: 14 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Европската асоцијација за новински агенции (EANA), Асоцијацијата на азиско-пацифички новински агенции (OANA) и Унијата на новински агенции на Балканот и Југоисточна Европа (ABNA-SE), го поддржаа повикот за солидарност до меѓународните медиуми на претседателот и генерален директор на Агенција Анадолија (АА), Сердар Караѓоз, по повод нападите на Израел врз новинарите на АА.
Во изјавата потпишана од Петер Кропш, претседател на ЕАНА и претседател на Управниот одбор на Германската новинска агенција (DPA) и Александру Ион Гибои, генерален секретар на ЕАНА, се повикуваат израелските власти да осигураат безбедност на животот и работата на новинарите.
Во соопштението, во кое се потенцира важноста на работата на новинарите, се истакнува дека нивната работат стана уште поважна поради случувањата во Израел.
Во врска со повредите на новинарите на АА во инцидентите во Источен Кудс (Ерусалим), властите се повикани да го заштитат физичкото здравје и работните услови на новинарите.
„Државите и владите покажуваат подготвеност за транспарентност и ги поддржуваат демократските вредности дозволувајќи им на новинарите да ја вршат својата важна работа. На новинарите треба да им биде дозволено да ја вршат својата работа без страв од притисок или повреди“, се истакнува.
Во соопштението на Управниот одбор на EАНА исто така се пренесени желбите за побрзо оздравување на повредените новинари и желбата за крај на насилствата.
- „Насилството врз новинарите е против нашите заеднички вредности и никогаш не може да се толерира“ -
Соопштение за поддршка пристигна и од претседателката Армела Красниќи и генералниот секретар на АБНА-СЕ, Михалис Псилос.
„Дознавме дека новинарите на Агенција Анадолија се повредени при известувањето за нападот на безбедносните сили против верниците во „Месџид-и ал Акса“. АБНА-СЕ на новинарите и фоторепортерите на АА им посакува брзо закрепнување“, се нагласува.
Во соопштението во кое се посочува дека настаните се загрижувачки, се додава: „Управниот одбор на АБНА-СЕ изразува длабока загриженост во врска со почитувањето на слободата на медиумите, без оглед колку и да е чувствителен развојот на настаните.“
Меѓу другото, АБНА-СЕ ги повика одговорните да ги остават новинарите да си ја завршат својата работа.
Чо Сунг-бо, претседател на ОАНА и претседател на Управниот одбор на јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, истакна дека загрижувачко е тоа што новинарите на АА се повредени додека ја вршеле својата должност.
„Насилството врз новинарите е спротивно на нашите заеднички вредности и никогаш не може да се толерираат. Тука сме заедно да ги осудиме нападите врз новинарите“, се додава во соопштението на OАНА.