свет

Египет и Русија се согласни дека Израел треба да престане со нападите врз Појасот Газа

Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа достигна 83, меѓу кои 17 деца и 7 жени, а бројот на ранети изнесува 487

Mohammed Yahya Ahmad Mohammed  | 13.05.2021 - Обновена : 17.05.2021
Египет и Русија се согласни дека Израел треба да престане со нападите врз Појасот Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри и неговиот руски колега Сергеј Лавров денеска се согласија дека Израел треба да престане со нападите врз Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Во телефонскиот разговор двајцата дипломати изјавија дека Израел треба да го запре крвопролевањето“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Египет.

Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа достигна 83, меѓу кои 17 деца и 7 жени, а бројот на ранети изнесува 487.

Палестинските групи на отпорот на израелската полиција ѝ дадоа рок до 10 мај во 18:00 часот да се повлече од квартот Шеик Џарах и од комплексот „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим).

Израелската армија потоа соопшти дека започнала воена операција наречена „Чувар на Sидовите“ врз Појасот Газа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın