свет

Двајца новинари на Агенција Анадолија повредени во израелските напади врз Газа

Мустафа Хасуна и Мухамед ал-Алул се повредени додека известуваа за тековните израелски напади во северниот дел на Појасот Газа

Dilan Pamuk  | 14.05.2021 - Обновена : 14.05.2021
Двајца новинари на Агенција Анадолија повредени во израелските напади врз Газа

ГАЗА (АА) - Двајца новинари на Агенција Анадолија се здобија со повреди во израелските напади вечерва во северниот дел на Газа.

Фоторепортерот Мустафа Хасуна и снимателот Мухамед ал-Алул се повредени додека известуваа за тековните израелски напади во северниот дел на Појасот Газа.

Двајцата новинари, чии повреди се умерени, се пренесени во блиската болница на лекување.

Шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, им посака на повредените новинари брзо оздравување.

„Нашите вработени во @anadoluajansi беа повредени за време на нападите од страна на Израел, кој продолжува да тероризира жени, деца, млади и стари лица“, напиша Алтун на Твитер.

Во средата, Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк соопшти дека осум новинари биле нападнати од израелските сили во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) во периодот меѓу 7 и 10 мај.

Се наведува дека тројца од нив се од Агенција Анадолија, дописникот Тургут Алп Бојраз, фотографот Мустафа ал Харуф ​​и снимателот Фајез Абу Румаила.

Израел продолжува да ја бомбардира Газа убивајќи досега 103 Палестинци, од кои 27 деца, а бројот на ранети изнесува 580.

До денес, во неодамнешните насилства убиени се седум Израелци - шестмина од нив во ракетни напади, еден војник е убиен кога противтенковска наведувана ракета го погодила неговиот џип.

Во изминатиот месец тензиите во населбата Шеик Џарах во Источен Кудс (Ерусалим) се зголемија откако еврејските доселеници ја преплавија населбата поради одлуката на израелскиот суд за иселување на палестинските семејства.

Израел го окупираше Источен Ерусалим за време на арапско-израелската војна во 1967 година и го анексираше целиот град во 1980 година, потег што никогаш не беше признат од меѓународната заедница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.