Ekipa
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
ГАЗА (АА) - Бројот на загинати Палестинци за време на интервенцијата на израелските војници врз демонстрантите кои се собраа во Појасот Газа, во знак на протест заради одлуката на САД во врска со Кудс, се зголеми на две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф Ал Кудра, за АА рече дека 54-годишниот Махир Атаулах им подлегнал на сериозните повреди со кои се здобил кога израелските војници отворија оган врз демонстрантите во северниот дел на појасот Газа.
Потврдено е дека е убиен и 30-годишниот Палестинец Махмуд ал-Мисри, кој бил погоден од куршум.
За време на интервенцијата на израелските војници, повредени се вкупно 34 лица, од кои осум во североисточниот дел на Појасот Газа, 17 во источниот дел на Појасот Газа, еден во градот Рафа, а осум во Хан Јунус.
Палестинското движење Хамас и другите палестински организации ги повикаа Палестинците да протестираат поради одлуката на администрацијата на САД да го признае Ерусалим како главен град на Израел.