Qays Abu Samra,Hacer Başer
08 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
РАМАЛА (АА) - Како резултат од интервенцијата на израелските војници против демонстрациите на Западниот Брег и во Ерусалим поради одлуката на САД околу Ерусалим, повредени се 23 Палестинци, а 72 биле во опасност да се задушат од солзавец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Црвената полумесечина на Палестина се наведува дека 23 Палестинци се повредени за време на демонстрациите, од кои еден со вистински куршум, 21 со гумени куршуми, а едно лице се здобило со повреди откако врз него бил извршен напад.
Според ова соопштение, 72 демонстранти биле во опасност да се задушат од употребениот солзавец.