Ekip
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, на 11 декември, во понеделник, ќе допатува во посета на турскиот главен град Анкара, на покана на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Заемник генералниот секретар, а воедно и портпарол на Турското претседателство, Ибрахим Калин соопшти дека Путин на 11 декември ќе ја посети Турција по поканата на претседателот на Турција, Ердоган.
За време на средбите меѓу Ердоган и Путин кои ќе се одржат во Анкара, покрај билатералните односи меѓу двете земји, се предвидува дека ќе се разговара и околу последните случувања, последната сосотјба во Сирија, како и за регионалните и меѓународните прашања.