Yaser Albanna,Said İbicioğlu
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
РАМАЛА (AA) - Најмалку 67 Палестинци се повредени во текот на протестите кои денеска се одржани на Западен брег и во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинските протестираат поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп којшто во среда соопшти дека го признава Ерусалим како главен град на Израел.
Во текот на денешните протести, одржани по џума намаз, интервенираа израелските војници. Од палестинската Црвена полумесечина соопштено е дека 178 лица биле под влијание на солзавец којшто го користеле израелските војници.
Истакнаа дека 11 Палестинци се ранети со вистински куршуми, а 52 со гумени куршуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп во среда го призна Ерусалим како главен израелски град и најави преместување на амабасадата на САД од Тел Авив и покрај силното спротивставување на меѓународната заедница.
Ерусалим останува во центарот на израелско-палестинските судири, а Палестинците се надеваат дека источен Ерусалим, кој моментално е под окупација на Израел, дека ќе биде главен град на идната палестинска држава.