Hamdi Yıldız
28 Јануари 2024•Ажурирај: 29 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Изминатите 24 часа се убиени најмалку 165 Палестинци, а 290 се ранети во израелските напади врз блокираниот Појас Газа, со што вкупниот број на убиени Палестинци од почетокот на нападите на 7 октомври се зголеми на 26.422, а ранети се 65.087, известува Анадолу.
Министерството за здравство на Појасот Газа соопшти дека поради продолжувањето на израелските напади, екипите на итната помош и цивилната заштита не се во можност да спроведуваат акции на претрага и спасување.