Gülşen Topçu
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
ГАЗА
Палестинските новинари побараа меѓународна заштита поради прекршувањата што Израел ги спроведува против нив и институциите во кои работат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Комитетот за поддршка на новинарите, со седиште во Женева, Швајцарија, одржа работилница во Газа по повод 2 ноември - Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата врз новинарите.
Новинарите кои учествуваа на работилницата наведоа дека окупаторските лидери треба да одговараат и истакнаа дека треба да бидат упатени до Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради нивните систематски напади врз новинарите.
Палестински координатор на Комитетот за поддршка на новинарите новинарот Салих ел-Мисри во својот говор на работилницата истакнувајќи дека Израел извршил повеќе од 678 прекршувања врз новинарите од почетокот на 2021 година, не давајќи информации за видот на прекршувањата.
Мисри наведе дека во израелскиот напад на Газа извршен во мај, загинал новинарот Јусуф Абу Хусеин и дека се уништени се 59 медиумски институции.
Според новинарот Мисри од почетокот на годината извршени се 94 прекршувања како што се приведување и отпуштање на новинари од работа.
Мухамед Абу Шавиш, програмски директор на телевизијата „Денес во Ерусалим“ од сите меѓународни институции побара да обезбедат меѓународна заштита на новинарите.
Ваил ед-Дахдух, директор на Канцеларијата на телевизијата „Ал Џезира“ во Газа, нагласи дека прекршувањата на Израел ја попречуваат работата на новинарите.
Истакнувајќи дека палестинските новинари трпеливо работат за да ги исполнат своите должности и покрај тешките услови Дахдух ги повика меѓународните институции да извршат притисок врз Израел со цел да престане со прекршувањата.
Од друга страна, Имад Закут, директорот на радиото „Ал Акса“ потсети дека израелските воени авиони ја бомбардирале нивната институција 11 пати од 2006 година до денес.