Safiye Karabacak
07 Март 2024•Ажурирај: 08 Март 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 83 Палестинци загинаа во последните 24 часа во нападите на израелската војска врз опколениот Појас Газа, јавува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство во Газа информираше за нападите што Израел ги врши веќе 153 дена.
Соопштено е дека израелската војска во последните 24 часа убила 83 Палестинци, а вкупниот број на убиени од 7 октомври минатата година се зголемил на 30.800.
Најмалку 142 Палестинци се повредени во последните напади, со што вкупниот број на повредени се искачи на 72.298.
Во соопштението се истакнува дека Израел во последните 24 часа во Газа извршил „девет масакри“, и дека под урнатините и на патиштата сè уште има мртви, но поради опструкцијата на израелските сили, медицинските и тимовите на цивилната заштита не можат да стигнат до телата.
Израел започна смртоносна офанзива во Појасот Газа по нападот на Хамас во Израел на 7 октомври. Во израелските напади оттогаш загинати се најмалку 30.800 Палестинци, и предизвикано е масовно уништување и недостиг на залихи во блокираната палестинска енклава.
На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.