Mazin Majeed Asaad Baqal
27 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
ЕРБИЛ
За духовен лидер на језидите е избран Хазим Мир Тахсин Бег, син на Мир Тахсин Бег, кој почина пред шест месеци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мир Тахсин Бег, кој почина во јануари, од 1944 година беше духовен водач на језидите. По неговата смрт, по гласањето одржано во нивното семејство, за нов духовен водач е избран неговиот син, Хазим Мир Тахсин Бег.
Хазим Бег е роден во 1963 година во месноста Бадре, во градот Духок, Ирак. Тој беше полномошник на својот татко во Ирак, кој од 1989 година живеел во Ирак.
Дипломирал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Багдад“, а во 2009 година беше член на тогашното Собрание на Курдската регионална влада на Ирак (IKBY).
Мир Тахсин Бег беше духовен водач на језидите 75 години, а почина на 28 јануари во Хановер, Германија, поради бубрежна слабост.
- Кои се језидите?
Според историските извори, језидите се верска заедница со 800 илјади жители. Мнозинството живеат во ирачкиот град Мосул и Духок, а исто така живеат и во Германија, Сирија, Турција, Грузија и во Ерменија.
Откако терористичката организација ДАЕШ ја презеде контролата врз Мосул во август 2014 година, језидите беа принудени да емигрираат во Турција, Германија и други европски земји.
Језидите веруваат дека ѓаволот е свет и добар ангел, за разлика од еврејството, христијанството и исламот, каде што ѓаволот претставува симбол на злото.
Језидите веруваат дека тие се „народ избран од Бога“, а многумина прифаќаат дека шејхот Ади е вдахновен. Ангелот Паун (Peacock Angel), кој е централна фигура во религијата на Језидите не гледаат како на „ѓавол“, туку како амбасадор пратен од Бога за да покаже што е точно, а што е погрешно. Затоа воопшто не го користат зборот „ѓавол“. Исто така, одбиваат да бидат наречени како луѓе што се „поклонуваат на ѓаволот“. За нив ангелот Паун е највозвишен од седумте ангели.