ЕРБИЛ (АА) - БЕКИР АЈДОГАН -
Агенција Анадолија (АА) ги сними камповите и областите на политичка активност на терористичката организација ПКК во подрачјето на Синџар во ирачки Мосул, каде што оваа организација е активна веќе 6 години.
Во договорот потпишан меѓу ирачката Влада и Регионалната курдска управа на северен Ирак (IKBY) на 9 октомври стои точката дека треба да се стави крај на присуството на терористичката организација ПКК во Синџар.
Агенција Анадолија (АА), преку снимките на камповите на терористичката организација ПКК во Синџар, покажа дека присуството на организацијата во регионот продолжува.
Според снимките направени од репортерот на АА, ПКК и нејзините локални милиции во Синџар имаат кампови за обука, таканаречено народно собрание и свои контролни точки.
Исто така, на инсертите се забележува дека припадниците на терористичката организација и нивните симпатизери протестираат против договорот за Синџар, кој предвидува ставање крај на присуството на ПКК во регионот.
За време на протестите се носат фотографии од водачот на терористичката организација, Абдула Оџалан.
Во кампот основан за регрутирање на Језидите во Синџар, во тој момент е снимена и церемонијата за вооружување на припадниците. Покрај тоа, околу кампот постојат кули за набљудување.
Во исто време, се забележува дека организацијата, која исто така ја чува безбедноста во Синџар, може без проблеми да патролира со пикап-возила означени како „Јавен ред“ (Asayiş).
Освен камповите каде што се регрутираат децата на Језидите, формирано е таканаречено народно собрание што припаѓа на организацијата и се користи за политичко организирање.
Членовите на организацијата во селото Ханесур, близу до сириската граница, го формирале „Народното собрание на Ханесур“. Ова собрание не е официјално и се користи за организирање на Језидите.
На снимката јасно се гледа дека ПКК во Синџар се движи без никакви пречки.
- Договорот за Синџар потпишан меѓу Багдад и Ербил -
Меѓу Багдад и Ербил на 9 октомври, на состанокот одржан во главниот град Багдад, е постигнат договор во врска со решавањето на проблемите во Синџар, кој е познат како спорен регион и каде што е присутна терористичката организација ПКК.
На состанокот предводен од ирачкиот премиер Мустафа ал Казими, присуствуваа специјалната претставничка на Мисијата на Обединетите нации во Ирак, Жанин Хенис, Регионалната администрација на ирачките Курди (IKBY) и претставници на Језидите.
Портпаролот на ирачкиот премиер, Ахмед Мола Талал, во изјавата дадена по средбата истакна: „Под покровителство на премиерот Казими, потпишан е историски договор во смисла на административно и безбедносно зајакнување на контролата на Владата во Синџар и за разбивање на моќта на странските групи (терористичката организација ПКК).“
Според текстот на договорот до кој стигна Агенција Анадолија, во областа Синџар ќе се стави крај на присуството на терористичката организација на ПКК во регионот.
- Користејќи го ДЕАШ како изговор, терористичката организацијата беше распоредена во регионот -
Терористичката организација ПКК се насели во Синџар и околината користејќи го ДЕАШ како изговор.
Терористичката организација ДЕАШ, на 3 август 2014 година ја нападна областа Синџар, каде што претежно живеат Језидите. Киднапираше и уби илјадници луѓе, вклучително жени и деца.
Силите на Пешмергите во ноември 2015 година ги презедоа од терористичката организација ДЕАШ центарот на областа Синџар и неговата околина. Силите на Пешмергите се повлекоа од регионот откако силите на ирачката Влада се распоредија во Синџар во октомври 2017 година.
И терористичката организација ПКК како изговор за нападот на ДЕАШ врз Синџар се распореди во регионот.
Областа Синџар, каде што е распоредена ПКК, е многу близу до сириската граница, а исто така се наоѓа и во непосредна близина на Турција. Преку моменталните патишта може лесно да стигне и до границите на Сирија и Турција.
Терористичката организација, исто така, постави произволни контролни пунктови на многу патишта.
- Језидите не можат да се вратат во своите домови поради терористичката организација ПКК -
По нападот на ДЕАШ, голем број Језиди ги напуштија своите домови и се сместија во Регионалната курдска управа на северен Ирак (IKBY), во Турција и мал број во Сирија. ДЕАШ ја држеше областа под контрола околу 15 месеци. Регионот беше ослободен целосно во ноември 2015 година.
И покрај тоа што силите на Пешмергите ја презедоа контролата врз Синџар, голем број Језиди не се вратија во своите домови бидејќи беа спречени од ПКК.
Језидите наведуваат дека терористичката организација е пречка за обновата на Синџар, и ја повикуваат организацијата веднаш да се повлече од Синџар.
Мир Исмет Тахсин Бег, заменик на духовниот водач на Језидите, на 3 септември за Агенција Анадолија (АА) изјави дека не сакаат терористичката организација ПКК да се наоѓа во областа Синџар во Мосул и дека организацијата треба да го напушти регионот.
Језидите во Синџар во различни периоди организираа протести за ослободување на нивните деца киднапирани од ПКК и ја повикаа ирачката централна Влада да интервенира врз терористичката организација.
news_share_descriptionsubscription_contact
