Orhan Güngör
12 Мај 2017•Ажурирај: 13 Мај 2017
АГРИ (АА) - Припадниците на Турските вооружени сили (TСK) неутрализираа деветмина терористи на ПКК во подрачјето на покраината Агри, во источниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од канцеларијата на гувернерот во градот Агри, продолжуваат антитерористичките акции на силите на жандармеријата од тоа подрачје.
Во судирот со терористите животот го загубија двајца турски војници.
ПКК е на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ.