Hamdi Yıldız
27 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
ГАЗА
Во интервенцијата на израелските војници за време на мирниот протест „Марш за големото враќање“, кој Палестинците го организираат по должината на границата со Газа, смртно настрада еден, а ранети се 55 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за здравство на Палестина во Газа соопштено е дека израелските војници пукале за време на мирните протести во источниот дел на Газа, одржани во петокот.
Оттаму потврдуваат дека загинал 23-годишниот Ахмед ел Кара. И амбулантното возило било цел на израелските војници.
Палестинците од 30 март минатата година на границата на Појасот Газа со Израел ги организираат мирните демонстрации „Марш на големото враќање“. Демонстрантите бараат враќање на териториите од кои се протерани, како и укинување на блокадата на Газа воведена во 2006 година.
Во интервенциите на израелските војници врз мирните демонстрации од почетокот на годината досега убиени се над 200 Палестинци.