Nazlı Yüzbaşıoğlu
03 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу истакнувајќи дека сѐ уште се сеќаваат на страдањата на Језидите во нападите на терористичката организација ДЕАШ пред 6 години во областа Синџар во Мосул, рече дека Језидите денес се наоѓаат под прогонот на терористичката организација ЈПГ/ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во пораката што ја сподели на својот профил на Твитер, Чавушоглу рече: „Болката за масакрот што го изврши ДЕАШ врз Језидите пред шест години сѐ уште е во нашите сеќавања. За жал, Језидите кои го преживеаја прогонот на ДЕАШ, денес се наоѓаат во канџите и прогонот на тероризмот на ПКК.“
- Нападите на ДЕАШ врз Језидите во 2014 година
Терористичката организација ДЕАШ на 3 август 2014 година го нападна Синџар, киднапираjí илјадници жени и деца, а мажите ги уби.
ДЕАШ во јуни 2014 година ја окупираше третина од територијата на Ирак, по што следуваа вооружени судири. Како резултат на сето тоа, повеќе од 5 милиони Ирачани беа принудени да ги напуштат своите домови и да побараат засолниште во северните и јужните градови, кои беа побезбедни.
И покрај најавите во декември 2017 година дека Ирак е исчистен од ДАЕШ и дека сите градови се ослободени од оваа терористичка организација, стотици илјади Ирачани, внатрешни мигранти, не можат да се вратат во своите домови поради тоа што сѐ уште не се реконструирани нивните домови, уништени за време на војната.