İdris Okuducu
18 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
МОСУЛ (АА) - Воените сили на ирачката армија напредуваат во јужниот дел на Мосул, кој е под контрола на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Полковникот од Здружената оперативна команда на Нинива, Мухамед Ел Џубури, за новинарот на АА изјави: „Ирачките војници го зазедоа населеното место Нимрод коешто се наоѓа во јужниот дел на Мосул“.
Џубури даде информација дека армиските сили се упатиле кон друго населено место во јужниот дел на Мосул и додаде: „Продолжуваат судирите во населеното место Нимрод. Нашите сили напредуваат за да го заземат населеното место Хамам Елил“.
- Силите на Пешмергa земаа под контрола 12 села -
Пешмергa продолжува да ги ослободува селата што се под контрола на ДЕАШ на југоисточните и источните линии на фронтот каде што продолжува операцијата за Мосул.
Силите на Пешмергa кои во вчерашните утрински часови почнаа да напаѓааат од три насоки во регионот Хазир на градот Мосул, досега под контрола ги зедоа селата Балават, Шехид Субхи, Кехари, Најиф, Базџуре, Базкетин, Шагули, Кеберли, Шејх Амир, Бедени Бучук, Бедени Мензин и Хирабе Султан.
- Началникот на Генералштабот на Ирак, Ганими во Ербил -
Од друга страна, ирачката државна телевизија објави дека началникот на Генералштабот на Ирак, Осман Ел Ганими заедно со делегација од Министерството за одбрана пристигнале во градот Ербил кој се наоѓа во регионот на ирачката регионална курдска влада.