Yusuf Özcan
20 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
ПАРИЗ (АА) – Францускиот писател Ерик Земур е казнет со парична казна од 3.000 евра поради неговите изјави на една телевизиска програма, кои поттикнуваат омраза кон муслиманите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во француските медиуми, Земур е казнет со парична казна од 3.000 евра, со образложение дека користел изрази за поттикнување омраза кон муслиманите во една телевизиска програма пред три години.
На телевизиската програма Земур истакнал дека муслиманите треба да се одлучат помеѓу исламот и Франција и дека муслиманските жени со шамии сакаат да воспостават доминација во земјата.
Апелациониот суд одлучи дека овие изјави на Земур содржат дискриминација.
Земур претходно, исто така, беше осуден за слични изјави и беше отпуштен од ТВ-каналот каде што работеше.