Adham Kako
20 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
АНКАРА
Националната коалиција на сириските револуционерни и опозициски сили (SMDK) го осуди ветото на Русија и Кина за предлог-законот на Советот за безбедност на Обединетите нации, со кој се бара прекин на огнот во Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава на Националната коалиција на сириските револуционерни и опозициски сили (SMDK) се осудува ветото на Русија и Кина, кои го поддржуваат режимот на Асад, за предлог-законот на Советот за безбедност на Обединетите нации со кој се бара прекин на огнот во Идлиб и почитување на меѓународното хуманитарно право.
„Ветото на предлог-законот покажува дека Русија и Кина сакаат да ги прикријат воените злосторства на режимот на Асад. Користењето на правото на вето нема да ја намали одговорноста на меѓународната заедница за трагедијата на сирискиот народ“, се истакнува во соопштението и се бара заштита на сирискиот народ.
Русија и Кина синоќа ставија вето на предлог-законот на Советот за безбедност на Обединетите нации.