Şeyma Uzundere
25 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Граничниот персонал на Франција не сака да се зголемат железничките услуги поради недостиг на персонал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на американскиот „Политико“, француската гранична полиција и службениците, кои служат со мал број персонал, се противат на зголемувањето на железничките услуги на „Еуростар“, кој обезбедува брзи железнички услуги во Европа.
Барањето на компанијата за брзи возови „Еуростар“, која сака да ги зголеми бројот на дневните возови меѓу Лондон и Париз, е блокирано поради недостигот на персонал како резултат на штрајкот на железничарите.
Се истакнува дека зголемувањето на железничките услуги би можело да го намали метежот на железничките станици, на аеродромите и во пристаништето Довер во Велика Британија.
Штрајкот на железничарите во Франција на почетокот на месецот, со барање за покачување на платите, предизвика прекини во железничките услуги низ целата земја.
Туристите кои заминуваат од Англија формираат долги редици на пристаништето Довер. Се наведува дека ваквата состојба се должи на недостигот на персонал кој работи на француската граница.