Şeyma Uzundere
25 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Во вооружен напад во парк во американскиот град Лос Анџелес животот го загубија 2 лица, а повеќе од 5 се повредени, известува Агенција Анадолија (АА).
Нападот се случил вчера околу 15 часот и 50 минути по локално време, во паркот Пек, каде се одржувал саем на автомобили.
Полицијата во Лос Анџелес на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека во нападот загинале 2 лица, а повредени се повеќе од 5. Во соопштението се наведува дека сѐ уште не е приведен ниту еден осомничен.
Кели Муниз, началничката на полицијата пак, во изјава за медиумите соопшти дека добиле дојава дека на бејзбол игралиштето во паркот се убиени повеќе од едно лице, по што заминале на местото на настанот.
Муниз истакнувајќи дека сè уште не е познато колкумина лица учествувале во нападот во паркот, додаде дека во тек е истрагата во врска со настанот.