Emre Başaran
28 Август 2023•Ажурирај: 29 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Франција планира да го забрани носењето абаја, долга широка облека што ја носат муслиманките, во училиштата, соопшти министерот за образование Габриел Атал, пренесува Анадолу.
Атал за телевизијата ТФ1 изјави дека Владата има намера да донесе „јасни правила“ за ова прашање за училиштата во земјата.
Министерот, исто така, рече дека сака да разговара со претставниците на училиштата од следната недела за да им помогне да ја спроведат забраната за облеката слична на фустан наметка што го покрива цело тело.
Одлуката е најнова во неколкуте ограничувања за носењето исламска облека во Франција, каде што критичарите велат дека во последните години Владата ги таргетира муслиманите со изјави и политики, во кое се вбројува и изјавата на претседателот Емануел Макрон дека религијата е „во криза“, потоа спроведувањето рации во џамии и добротворни организации, како и Законот за „антисепаратизам“ со кој се наметнати опсежни ограничувања за заедницата.