Yusuf Özcan
01 Декември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
ФРАНЦИЈА (АА) - Француската министерка за поморство предупреди дека Европската Унија (ЕУ) ќе преземе одмазднички мерки ако Велика Британија не го реши спорот со риболовот до 10 декември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Велика Британија „сѐ уште не“ издала лиценци на 154 француски рибари за да ловат во британските територијални води“, изјави Аник Жирарден за весникот „Куест Франс“.
Обвинувајќи го Лондон за тестирање на солидарноста на ЕУ, Жирарден рече дека ќе се обидат да ја решат кризата со Велика Британија до 10 декември.
Таа истакна дека ако Велика Британија не им додели лиценци на француските рибари до тој датум, ЕУ ќе го направи тоа што е неопходно и ќе преземе правни мерки.
Францускиот министер за европски прашања, Клемент Бон, на 29 ноември исто така предупреди дека Франција ќе ги прекине преговорите доколку Британија не направи никаков напредок во доделување нови рибарски лиценци во наредните 10 дена.
Откако на 2 ноември Париз се закани дека ќе воведе санкции, Британија сигнализира дека конструктивно работи на рибарските лиценци и им се придружи на преговорите со Европската комисија за спорот околу рибарските лиценци во Ла Манш.
Мерките вклучуваа заострување на царината за британските продукти и камиони и забрана за влез на британските ловци да го истоварат својот товар на француските пристаништа.
Франција тврди дека Британија го прекрши Договорот за риболов по Брегзит и го скрати со помалку лиценци за француските рибари. Според новите одредби во пресрет на Брегзит, рибарите од ЕУ можат да продолжат да ловат риба во британските води со нова лиценца, за чие добивање ќе приложат доказ дека тие традиционално ловеле во овие води и порано.
Проблемот со рибарските лиценци резултира со ќор-сокак помеѓу двете држави со месеци. Претходно, Франција се закани дека ќе возврати со редуцирање на снабдувањето со електрична енергија за островот Џерси.