свет

Франција планира да отвори нови медицински установи за нега на заразените со коронавирус

Францускиот министер го најави ова по итната седница со премиерот Едуар Филип и официјалните претставници на Владата, свикана како последица на сè поголемиот број случаи со коронавирус во соседната земја Италија

Ekipa  | 24.02.2020 - Обновена : 25.02.2020
Франција планира да отвори нови медицински установи за нега на заразените со коронавирус

ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за здравство, Оливер Веран, денес изјави дека плановите за активирање на 70 нови установи за итна медицинска нега низ земјата ќе бидат реализирани, со цел справување со епидемијата на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Веран го најави ова по итната седница со премиерот Едуар Филип и официјалните претставници на Владата, свикана како последица на сè поголемиот број случаи со коронавирус во соседната земја Италија.

Објектите, познати како SAMUs, се користат за медицинска нега заедно со универзитетските болнички центри.

Франција беше првата европска земја која пријави случај на коронавирус.

Државниот секретар за транспорт, Жан-Батист Джебари, за локалниот телевизиски канал „БФМ бизнис“ (BFM Business) денес изјави дека затворањето на границите би била избрзана одлука од властите.

„Затворањето на границите не би имало смисла, бидејќи циркулацијата на вирусот не е ограничена само на административните граници.“

Министерот за здравство изјави дека Владата нарачала голема количина заштитни маски.

„Ги преземаме сите мерки што се потребни за да обезбедиме безбедност на Франција“, изјави Веран.

Првата појава на коронавирусот во Франција се случи на почетокот на февруари, кога четворица британски државјани се заразиле со вирусот откако биле во контакт со петти британски државјанин во градот Контамин Монжоа на француските Алпи.

Само еден пациент остана во болницата во Лион, чија состојба не е толку сериозна, додека останатите пациенти се излечени и пуштени од болница.

Франција ги врати француските државјани од Кина во три чартер-летови за да избегне понатамошно нивно изложување. Во саботата 34 француски државјани се вратија од Вухан, по што беа преместени во карантин во Бранвил, северозападна Франција.

Во Кина, епицентарот на коронавирусот, бројот на починати од епидемијата достигна 2.594 лица, а заболени се повеќе од 77.000.

По глобалното ширење на вирусот, Светската здравствена организација (СЗО) прогласи меѓународна вонредна ситуација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın