Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Декември 2018•Ажурирај: 12 Декември 2018
ПАРИЗ (AA) - Во пукотница во центарот на Стразбур едно лице загина, а десетмина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека пукањето се случи во близина на Божиќниот маркет на еден од градските плоштади. Од кабинетот на гувернерот е соопштено дека во пукотницата едно лице загина, а десетмина се ранети.
Престанаа да возат и трамваи, подрачје во кое дојде до пукање е оградено, а според наводите на француските медиуми, напаѓачот е во бегство.
Министерството за внатрешни работи на Твитер профилот објави предупредување дека се работи за „сериозен случај за јавната безбедност во Стразбур", додека граѓаните се повикани да останат во куќите.
Потоа и градоначалникот на Стразбур Роланд Риес го потврди случајот, повикувајќи ги граѓаните да останат во домовите. Локалните медиуми наведуваат дека во овој момент не е познат мотивот на напаѓачот.