свет

Франција: Во пукотници близу Божиќен пазар загинаа 4 лица

Инцидентот се случи во близина на познатиот Божиќен пазар на плоштадот „Клебер“ во Стразбур

Sena Güler  | 12.12.2018 - Обновена : 12.12.2018
Франција: Во пукотници близу Божиќен пазар загинаа 4 лица Elyxandro Cegarra/АА

Paris

ПАРИЗ (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а 11 се повредени кога синоќа вооружен напаѓач отвори оган во францускиот град Стразбур, јавува Anadolu Agency (AA).

Инцидентот се случи во близина на познатиот Божиќен пазар на плоштадот „Клебер“.

Префектот на францускиот регион Долна Рајна соопшти дека напаѓачот бил идентификуван, но избегал пеш откако бил притиснат од полицијата, при што имало и размена на оган. Во тек е потрага по напаѓачот.

„Инцидентот е оценет како терористички напад“, истакна префектот.

Според јавувањата на француските медиуми, вооружениот напаѓач е ранет за време на размената на оган со безбедносните сили, пред да избега.

„Пукање во центарот на Стразбур. Ви благодарам на сите што останавте дома и чекавте расчистување на ситуацијата“, напиша на Твитер заменикот-градоначалник на Стразбур, Ален Фонтанел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın