Esra Taşkın
06 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за економија, Бруно Ле Мер истакна дека се во преговори со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за изнаоѓање алтернатива за руската нафта, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ле Мер, кој учествуваше во заедничката емисија на „СиЊуз“, „Европа 1“, „Лес Екос“, наведувајќи дека бараат алтернатива за рускиот гас и нафта, рече дека ОАЕ можат да бидат барем привремена алтернатива за руската нафта.
„Преговорите со ОАЕ веќе започнаа, мора да најдеме алтернатива за руската нафта“, нагласи Ле Мер.
Тој посочи дека Франција ја брани политиката на енергетска независност против рускиот претседател Владимир Путин.
Меѓу другото, Ле Мер, додавајќи дека ќе ги забрзаат инвестициите во еколошката транзиција, рече дека планираат да донесат закон кој ќе го отвори патот за забрзување на чекорите во однос на обновливите извори на енергија по општите избори.
Во изјавата за истите медиуми во друго интервју, комесарот на Европската Унија (ЕУ) за внатрешен пазар Тиери Бретон рече: „(Земјите на ЕУ) треба да се ослободат од рускиот гас и да ја вратат својата независност што е можно поскоро бидејќи Путин не ги сака европските проекти.“
Бретон нагласи дека Путин се обидува да ги подели Европејците користејќи го гасот.
Шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија вклучува 92 отсто намалување на увозот на нафта од Русија до крајот на оваа година.