Ekip
08 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
ПАРИЗ (АА) - Познатиот американски кулинарски шеф Ентони Борден е пронајден мртов во хотелска соба во Франција, каде што за „Си-ен-ен“ (CNN) имаше серијал за кулинарските традиции низ светот. Имаше 61 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од „Си-ен-ен“ ја потврдија смртта на Борден, преку соопштение објавено денес. Во соопштението се изнесува дека неговото тело било пронајдено од неговиот пријател и кулинарски шеф Ерик Риперт, кој изјавил дека глетката му изгледала како Борден да извршил самоубиство.
„Си-ен-ен“ наведе дека Борден во Стразбур го снимал претстојниот сегмент на серијата „Parts Unknown“.
„Неговата љубов кон големите авантури, новите пријатели, убавата храна и пијалаци и екслузивните приказни за светот, го направија единствен раскажувач. Неговите таленти никогаш не престанаа да нè воодушевуваат и ќе ни недостигаат“, соопштија од „Си-ен-ен“.