Murat Ünlü
19 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Повеќе од една четвртина од гласачите и понатаму остануваат неопределени за кого ќе гласаат во првиот круг од претседателските избори, што ќе се одржат во недела во Франција, и токму овие неопределени гласачи ќе го одредат резултатот на изборите, јавува Anadolu Agency (AA).
Центрите „Covipof“ (Цовипоф) и „Ioso-Sopra Steria“ (Иосо Сопра Стерија), најновото истражување на јавното мислење во пресрет на претседателските избори во Франција го спроведоа на 16 и 17 април, а денес се објавени и резултатите.
Одлука околу тоа за кој претседателски кандидат ќе гласа донеле 72 отсто од француските гласачи, што е за шест отсто повеќе во однос на резултатите од анкетите од пред две недели.
Во истражувањето учествуваа вкупно 11.601 гласач, а дури 28 отсто од гласачите на четири дена пред изборите сѐ уште не знаат за кого ќе гласаат.
Тоа дава значење на остатокот од изборната кампања, а особено на утрешниот телевизиски настап на кандидатите на националната француска телевизија.
Во изборната трка во Франција учествуваат вкупно 11 кандидати за претседател. Првиот круг е во недела, а доколку ниту еден кандидат не освои надполовично мнозинство, што е речиси и извесно, вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 7. мај, а гласачите ќе избираат меѓу двата најдобри кандидати од првиот круг.
Според претходните испитувања на јавното мислење, кандидатката на радикално-десничарската партија „Национален фронт“, Марин Ле Пен, и лидерот на движењето „El Marche“, Емануел Mакрон, имаат најдобри шанси да преминaт во вториот круг на изборите, а зад нив следат кандидатот на републиканците Франсоа Фијон и на радикалната левица Жан-Лук Меленшон.