İnci Gündağ
19 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, соопшти дека нема да учествува во дебатите на телевизиските програми пред предвремените општи избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј ја соопшти својата одлука којашто го привлече вниманието во една програма во „BBC Radio 4“.
„Нема да учествувам во телевизиски програми за дебати. Верувам во бенефитот на кампањите каде што политичарите излегуваат надвор и се сретнуваат со гласачите. Секогаш верував во тоа, и тоа ќе го направам. Како премиерка, како пратеничка на едно избирачко место, ќе излезам надвор и ќе одам од врата на врата“, рече Меј.
Опозициските партии ја критикуваа одлуката на Меј да не учествува во телевизиски програми.
Џереми Корбин, лидер на главната опозициска Лабуристичка партија, одлуката на Меј ја коментираше како „избегнување да се соочи со политичарите“, а лидерот на Либерал-демократската партија, Тим Фарон, истакна дека Меј се плаши да учествува во дебатите.
- Празен стол на местото на Меј -
Шкотската национална партија, како и Либерал-демократската партија апелираа до телевизиските продуценти да постават празен стол на местото на Меј во телевизиските дебати.
Премиерката Меј вчераутро на неочекуваната прес-конференција соопшти дека е донесена одлука за одржување предвремени општи избори на 8 јуни.