свет

Франција: Насилниците на жени ќе бидат следени со електронски нараквици

- Според службените податоци, во Франција минатата година од последиците на напади од сопруг или партнер починале 146 жени, а во 2018 година, 121

Yusuf Özcan  | 24.09.2020 - Обновена : 25.09.2020
Франција: Насилниците на жени ќе бидат следени со електронски нараквици

ПАРИЗ 

Мажите кои се регистрирани како сторители на насилство врз жените, ќе бидат следени со помош на електронски нараквици, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според одлуката објавена во службените весници, на напаѓачот ќе му биде ставена електронска нараквица за да се спречи да ѝ пријде на жената која ја злоставувал.

Со апликацијата, која стапува на сила утре, ќе се утврди локацијата на напаѓачот и во системот ќе се активира предупредување, доколку го надмине дозволеното растојание.

Апликацијата прво ќе се имплементира во пет региони, а до 31 септември ќе биде имплементирана и во другите делови на Франција.

За ставање нараквица на лицето регистрирано за злоставување жени, ќе биде потребна судска одлука.

Според службените податоци, во Франција минатата година од последиците на напади од сопруг или партнер починале 146 жени, а во 2018 година, 121.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın