Murat Ünlü
16 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Нападот во Франција го извршило 17-годишно лице со автоматско огнено оружје, кое било ученик во средното училиште. Во нападот се повредени 8 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Анри Брандет, за францускиот телевизиски канал „БФМ“ изјави дека нападот во средното училиште „Алексис де Токвил“, во градот Грас, јужна Франција, е извршен од страна на 17-годишен ученик од истото училиште, кој бил приведен од страна на полицијата.
Портпаролот Брандет истакна дека кај приведеното лице се пронајдени повеќе огнени оружја, и додаде дека лицето не било следено од страна на полицијата или од разузнавачките служби.
Во нападот се повредени 8 лица, меѓу кои и директорот на училиштето. Нема информации дали покрај напаѓачот, во нападот учествувало и друго лице. Полицијата спроведува засилени безбедносни мерки во подрачјето, и објави тревога за напад, барајќи од жителите да не ги напуштаат своите домови.